Потпретседателката на САД и демократска кандидатка за претстојните претседателски избори, Камала Харис, денеска им изјави на новинарите дека гласала на изборите, така што неодамна го пополнила гласачкото ливче и го испратила во Калифорнија, каде што е регистрирана како гласач.
-Всушност само го пополнив моето гласачко ливче и го испратив по пошта.Така што, јас гласав, им рече Харис на новинарите во Детроит, објави Си-Ен-Ен.
На прашањето дали гласачкото ливче е вратено, таа рече дека нејзиното гласачко ливче е на пат за Калифорнија и дека ќе му верува на системот дека таму и ќе стигне.
„Вашиот глас е ваша моќ“, потенцира таа на платформата Х, потсетувајќи дека изборите ќе се одржат на 5 ноември. (МИА)