Свет

Аларм за тревога: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови

Жителите на областа Валенсија на југоистокот на Шпанија, која беше силно погодена од драматични поплави на почетокот од минатата недела, денеска беа итно повикани да се вратат во своите домови поради опасност од нови силни врнежи.

Полицијата преку мегафон ги повика граѓаните да се вратат во своите домови.

Националната метеоролошка агенција издаде нов црвен метео аларм за јужниот дел на Валенсија за периодот помеѓу 18 и 23 часот, со можни врнежи од 90 литри на квадратен метар, односно девет сантиметри за еден час.

Во таа шпанска област повеќе од 200 луѓе загинаа за време на поплавите во вторникот, а илјадници останаа без домови и имот.

Најнови вести од Свет

To top