Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала беше регистриран попладнево во морскиот дел во близина на првиот крак на Халкидики, југозападно од Неа Мудања.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија, епицентарот се наоѓал на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а потресот бил почувствуван и во Солун, јавува дописничката на МИА од Атина.
Нема пријавени материјални штети или повредени лица како последица од земјотресот.
Неколку минути по првиот потрес, следувал и втор земјотрес со помала јачина од 4,3 степени.