Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 29 ноември 2023 година (среда) во Владата на Република Северна Македонија, во 19:00 часот ќе го пречека потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел во пресрет на одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.
Според агендата, предвидена е билатерална средба на премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската Комисија, Борел.
На билатералната средба ќе присуствуваат и заменик претседателот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир.
Премиерот Ковачевски и потпретседателот на Европската комисија Борел, во 19:15 часот во Медија центарот на Владата ќе дадат изјави за медиумите. Новинарски прашања не се предвидени, информираат од Влада.