Тригодишно дете се бори за живот во Грција, откако било застрелано во главта. Овој инцидент се случил во Маркопулос, град во јужна Атика во близина на главниот град Атина. Првите сознанија од истрагата укажуваат на тоа дека детето било застрелано случајно.
Пукањето се случило утрово, а детето со повреда на главата било примено во Здравствениот дом во Маркопули, а потоа пренесено во друг аболница.
Детето е во тешка состојба. Според неофицијалните информации, дошло до престрелка меѓу патници на два автомобили, по што куршум испукан од еден од автомобилите завршил во главата на детето.