Македонија ЈПДП

ВИДЕО: Готова е втората делница од патот Крива Паланка-Длабочица

Инвестиција вредна 50 милиони евра, инвестиција која патувањето по Коридорот 8 ќе го направи безбедно и сигурно, објави Коце Трајановски.

ВИДЕО: Готова е втората делница од патот Крива Паланка-Длабочица

Директорот на Jавното претпријатие државни патишта, Коце Трајановски, на социјалните мрежи објави дека втората делница од експресниот пат Крива Паланка-Длабочица во должина од 10 километри, е завршена.

Printscreen / Facebook / Коце Трајановски

„Инвестиција вредна 50 милиони евра, инвестиција која патувањето по Коридорот 8 ќе го направи безбедно и сигурно. Кога наскоро ќе ја завршиме и првата делница од изградбата на експресниот пат Крива Паланка-Ранковце-Страцин ќе се скрати времето на патување до нашиот источен сосед.“, напиша Коцевски на својот фејсбук-профил.

Видеото од делницата можете да го погледнете ТУКА

To top