Музика видео

„Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски

„Жали горо, жали сестро” во ново руво благодарение на Жаклина Маркоски и Николче Мицевски

Очигледно дека македонската народна музика е како непресушен извор од кој може да “црпите” и секогаш да има уште, уште и уште.

Насекаде во светот сме познати по тој наш специфичен мелос и интерпретација, кои се карактеристични само за нас.

Како што кажавме, имаме безброј преубави народни песни, а една од најубавите би рекле, ја препеа и струмичанката која скоро 30 години живее во Соидинетите Американски Држави, Жаклина Маркоски. Поточно таа од 1993 до 2006 година живеела во Канада и од 2006 навака таа живее во Америка.

Станува збор за народната песна “Жали горо, жали сестро”, на која една поинаква димензија и даде маестро Николче Мицевски и слободно ќе кажеме дека векот на оваа песна е продолжен за уште десетици, а можеби и стотици години.

“За мене таа е една од најубавите македонски народни песни. Јас сум пресреќна што имав прилика да соработувам со Николче и сметам дека го извадивме максимумот. Се надевам на уште наши заеднички соработки и во иднина” – накусо изјави Жаклина.

За потребите на оваа песна се сними и видеозапис во падините на преубавиот Пелистер, а задолжени за снимањето беше екипата на “Зага продукција”.

Она што е интересно да се напомене е тоа што Жаклина е тетка на една од нашите најдобри пејачки, познатата Александра Јанева од Струмица.

Инску Жаклина ќе ја видиме и на реномираниот фестивал за народна музика – “Прилеп Фест”, кој ќе се одржи на 1-ви ноември во домот на културата “Марко Цепенков”.

А, сега погледнете го спотот и уживајте во “Жали горо, жали сестро”…

To top