Македонија

Мицкоски најави консултации за реформи во Судскиот совет следната недела

Мицкоски најави консултации за реформи во Судскиот совет следната недела

Во текот на следната недела ќе започне процесот на темелна реформа на Републичкиот судски совет, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, дали владата очекува двотретинско мнозинство за темелна реформа на Судски совет, Мицкоски одговори дека во координација со министерот за европски прашања, како и министрите за надворешни работи, правда и внатрешни работи, и сите други засегнати, ќе се започне процес на консултации и реформи.

Тој изрази уверување дека сите пратеници во парламентот ќе гласаат за реформите, кои се препорака од Европската Унија. Воедно, нагласи дека владата ќе обезбеди поддршка за овие реформи.

– Јас сум убеден дека сите пратеници во парламентот ќе гласаат за една таква реформа која е препорака од ЕУ. Доколку тоа не се случи, јас сум убеден дека владата ќе обезбеди двотретинско мнозинство за една ваква реформа со која ќе се стави крај на заробениот судски совет и судство и обвинителство кое ја влече правдата назад, изјави Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top