Собранието денеска ја одржува 18. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања, кои се први на новиот парламентарен состав по конституирањето на 28 мај годинава.
Согласно Деловникот, прашања до премиерот и министрите први поставуваат пратениците од опозицијата. Но тие, каде малку на број, па и слабо подготвени дојдоа денес на работните места. Се чинеше дека други работи им го одземаат интересот, па постојано си гледаа во своите мобилни телефони.
Дали нешто пребаруваа на Гугл, се координираа ли за прашањата или пак играа игри – не знаеме. Едно е сигурно – ваквото однесување е недолично.
Пратениците на СДСМ и ДУИ, како дел од опозицијата во Собранието, денес треба да поставуваат прашања до премиерот и министрите, во име на граѓаните. Тоа им е работа и за истотот земаат високи плати и додатоци.