Македонија

Мицкоски: Добредојдена е секоја поддршка во рамки на гласањето во парламентот

Мицкоски: Добредојдена е секоја поддршка во рамки на гласањето во парламентот

Дали ЛДП ќе стане дел од владината коалиција, не е разговарано. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешното поставување накамен темелник за изградба на градинка во Ново Село, општина Ѓорче Петров.

Мицкоски посочи дека владината коалиција е стабилна, цврста, а имаат и речиси официјално две-третини мнозинство во рамки на парламентот.

-Секој кој ги споделува и поддржува политиките на оваа влада може да се приклучи. Дали официјално би биле дел од владината коалиција, се уште не сум разговарал во рамките на коалицијата, ниту во рамките на партијата. Сепак тоа е процес кој е потребно да добие поддршка од сите чинители. Не е доволно Христијан Мицкоски што ќе каже. Битно е да видиме што велат коалиционите партнери. Но, секоја поддршка од секој пратеник кој ги поддржува политиките на оваа влада е добредојдена во рамки на гласањето во парламентот, потенцираше премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top