14 ораторска вечер „Петар Поп Арсов“ во организација на УМС Велес на тема „Иднината е во наши раце, продолжуваме за поуспешна иднина“! Ораторството е важна вештина, особено за младите во политиката, кои преку јавното говорење треба да ги артикулираат своите ставови, вели претседателот на УМС и пратеник во собранието, Сергеј Попов.
-Одлични говори на ораторите, моќни поенти за иднината и крик за сегашноста. Младите се сегашноста, но и иднината. Овие млади луѓе се пример за тоа како треба да ја градиме нашата заедничка иднина во Македонија! Благодарност до УМС Велес, за овој прекрасен настан!
Честитки за победникот на оваа ораторска вечер Стефан Ѓорѓијевски !
Секако, честитки и за сите оние што учествуваа. И запомнете, иднината е во наши раце!