Адел неодамна за време на настапот во Лас Вегас откри дека добила инфекција на увото поради која била делумно глува.
Имено, 36-годишната пејачка на присутните им откри дека е заразена со „ретка водна бактерија“, која е многу тешко да се излечи. Таа ја опиша инфекцијата на увото како најболното искуство што го доживеала и дека тоа се случило за време на нејзината турнеја во Минхен.
-Имам инфекција на увото, што е прилично страшно. Никогаш претходно не сум имала инфекција на увото. Тоа е најболното нешто што ми се случило. Беше полошо од породувањето. Тоа е ретка бактерија која се пренесува преку вода и тешко се лекува, неколку дена земав погрешни антибиотици и ми дадоа еден кој почна да делува во моето лево уво, рече таа.
Според странските медиуми, пејачката за време на концертот зборувала и за тоа дека планира да посвои мачки по настапот во Цезар Палас и се пошегувала дека нејзиниот партнер Рич Пол се уште не знае за тоа.
Таа претходно изјави дека по настапот во Лас Вегас ќе паузира долго време.