Фудбал

„Марка“ за Барселона: „Од каде им се пари за засилувања?“

„Марка“ за Барселона: „Од каде им се пари за засилувања?“

Шпанскиот весник „Марка“ по големото дерби помеѓу Реал Мадрид и Барселона денес излезе со текст во кој ги нападна „каталонците“.

Весникот кој важи за близок до Реал Мадрид воденешниот текст се прашува „Од каде им се парите за засилувањата?“.

Во текстот шпанците се прашуваат од каде нашле од раководството на Барселона 159 милиони евра за да го купат Дани Олмо и уште осум други фудбалери, но и за Ханси Флик и неговата екипа. „Марка“ констатира дека се работи за очигледно прекршување на финансискиот фер-плеј.

Сепак, и навивачите на Барселона не им останаа должни, па можеа да се прочитаат низа коментари од типот „Ова е знак дека Реал Мадрид загубил“ и „Повторно плачат, не можат да поднесат пораз“.

To top