Македонија

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Во Владата се потпишува договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски. 

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Во Владата се потпишува договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините

Во Владата денеска напладне ќе биде потпишан договорот од првата транша од 250-те милиони евра наменети за капитални инвестиции во општините.

Овие средства се дел од унгарскиот заем што на 8 октомври во Будимпешта во име на Владата го потпиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Останатите 250 милиони евра од унгарскиот заем треба да бидат наменети за бизнис секторот.

По потпишувањето на договорот најавена е прес-конференција на претседателот на Владата Христијан Мицкоски.

Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top