Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Б.(31) од Битола, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана.
Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М.(28) од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи” со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР.