Рано наутро во саботата, на 26 октомври, израелската армија изврши три серии „прецизни напади врз воени цели во Иран“, додека серија експлозии се слушнаа над Техеран.
„Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“, соопшти израелската армија.
Израел рано утринава го нападна Иран со серија воздушни напади велејќи дека цели на воени локации како одмазда за баражот балистички ракети истрелани кон Израел од страна на Исламската Република претходно овој месец.
Експлозии можеа да се слушнат во иранскиот главен град Техеран, иако Исламската Република Иран инсистираше на тоа дека експлозиите предизвикале само „ограничена штета“.