Фудбал

Анчелоти: Оваа година имаме играч кој може да постигне 45 погодоци

Анчелоти: Оваа година имаме играч кој може да постигне 45 погодоци

Реал Мадрид  ја пречекува Барселона во големото шпанско дерби вечерва од 21 часот.

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти пред мечот најави дека навивачите очекуваат многу повеќе од неговите играчи, особено од тие во нападот.

-Минатата сезона Џуд беше одлучувачки во постигнувањето голови бидејќи загубивме важен напаѓач како Бензема. Го немаме тој проблем оваа година бидејќи имаме играч кој може да постигне 45 голови. Задоволни сме од Мбапе бидејќи постигна голови. Тој е важен за тимот, против Дортмунд беше многу присутен и на двата гола. Ниту јас, ниту тимот, ниту тој не брзаме. Очигледно е дека ќе оди подобро бидејќи ги има сите квалитети за да биде подобар. Тоа значи да се тренира еден од најдобрите во светот – момче кое сè уште е многу скромно, многу напредува. Без сомнение верувам дека Винисис ќе ја освои Златната топка,  -порача дон Карло за триото кое го има на располагање.
To top