Фудбал

Ентони би можел долго да отсуствува по тешката повреда во Истанбул

Ентони би можел долго да отсуствува по тешката повреда во Истанбул

Состојбата на крилниот напаѓач Ентони целосно ќе ја проценат лекарите на Манчестер Јунајтед откако играчот заработи повреда на левата нога на натпреварот со Фенербахче од Лигата на Европа.

Бразилецот синоќа го напушти теренот во Истанбул со патерици и со заштитна чизма на ногата. Менаџерот на клубот Ерик тен Хаг изјави дека се потребни 24 часа за целосно да се процени сериозноста на повредата.

-Тоа е навистина лоша среќа за него. Навистина го сочувствувам, бидејќи работи толку напорно на тренинзите и е амбициозен да се врати во својата најдобра форма“, додаде холандскиот менаџер на „црвените ѓаволи“.

Ентони влезе како замена во 73. минута во нерешените 1-1, но во 89. го напушти теренот на носилки, откако падна на земја и ја држеше левата нога. Напаѓачот, кој потпиша од Ајакс во 2022 година за 95 милиони долари, имаше само еден старт и вкупно четири настапи оваа сезона.

Јунајтед во недела игра со Вест Хем во Премиер лигата. Капитенот Бруно Фернандеш би требало да биде на располагање откако го пропушти натпреварот со Фенербахче поради суспензија.

To top