Папата Франциск ги повика 1,4 милијарди католици во светот да се откажат од „лудата трка“ по пари и наместо тоа да се посветат на својата вера.
Четвртата енциклика на папата Франциско во неговиот 11-годишен понтификат не навлегува во политички прашања, за разлика од претходните, во кои тој се занимаваше со теми како што се глобалните климатски промени и неолибералните економски политики.
„Во свет во кој сè може да се купи и продаде, чувството за самопочит на човекот зависи сè повеќе од она што тој може да го стекне со моќта на парите. Во тој изопачен систем нема место за Христовата љубов и само таа љубов може да не ослободи од лудата трка во која веќе нема простор за безусловна љубов“, напиша папата Франциск.
Енцикликата од 142 страници се фокусира на духовни теми наместо да повикува на конкретна политичка акција. (МИА)