Македонија На 26-ти април

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на Папата Франциск

Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на погребот на Папата Франциск

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во сабота на 26 април ќе присуствува на погребната миса посветена на Неговата светост Папата Франциск, којашто ќе се одржи пред базиликата Свети Петар во Ватикан.

Со мисата ќе претседава Неговото Високопреосвештенство кардинал Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардиналите.

На последното испраќање на Папата на плоштадот Свети Петар најавено е присуство на бројни светски лидери – претседатели и премиери, членови на кралски семејства, верски водачи и на околу 200.000 верници.

Папата Франциск на негова желба ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Најнови вести од Македонија

To top