Македонија Нелогичните авантури на Стефчо и Костадин

Очајнички потези пред локални: Јакимовски и Костадинов ќе прават свој ЗЕЛС?

Двајцата градоначалници во стилот на општински камикази, очебијно, не се ни консултирале со експертите и прават излет и тешка хаварија со најавата за излез од ЗЕЛС, чин кој е невозможен доколку сакаат непречено и продуктивно да функционира нивната општина. Другата опција е дека тие намерно го прават ова, со јасна интенција да ги заглават своите општини, кои поради авантурата на градоначалниците ќе станат нефункционални, за да прпелкајќи се во калта за ова катадневно ја обвинуваат власта и ЗЕЛС, со евтин обид и боливудско сценарио за продуцирање емпатија кај гласачите од Карпош и Струмица. Мизерен, но некому толку својствен потег кој одлично им прилега на „излегувачите“, ценат познавачите на состојбите за Курир.

Очајнички потези пред локални: Јакимовски и Костадинов ќе прават свој ЗЕЛС?

Дали соочени со локалните избори кои неизбежно навасуваат и со катастрофалниот учинок од досегашната им „работа“, Стевчо Јакимовски и Костадин Костадинов се решија на очајнички потег и напуштање на ЗЕЛС? Познавачите на состојбите толкуваат дека се работи за приземен, незаконски, неодговорен и неинвентивен чин на привлекување внимание, инфантилен потег кој не може да донесе никакво добро за граѓаните од општините кои ги претставуваат. Така, индикативно и случајно или не, а поверојатно второто, градоначалниците на Општина Карпош и Општина Струмица во ист момент решија да го напуштат ЗЕЛС?!

„Го напуштаме ЗЕЛС. Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е. Филозофија без прагма, штета која ја плаќаат граѓаните“, вели Костадинов

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.

И градоначалникот на скопската општина Карпош, Стефче Јакимовски, вчеравечер најави дека ќе му се придружи на Костадинов и на Општина Струмица во најавата да ја напуштат ЗЕЛС.

„И јас ќе се придружам на Општина Струмица. И така одамна се спремам да ја напуштиме ЗЕЛС. Нека си прават таму партиска забава“, вели Јакимовски

Потегот е тотално нелогичен и неизводлив, особено што тоа не е така едноставно, а  општините се електронски вмрежени во ЗЕЛС и се раководени од истиот систем. Ова се изведува електронски, со софтвер кој е невозможно така едноставно и лесно да се заобиколи.

Во превод, двајцата градоначалници во стилот на општински камикази , очебијно, не се ни консултирале со експертите и прават излет и тешка хаварија со најавата за излез од ЗЕЛС, чин кој е реално невозможен и тотлано непродуктивен доколку сакаат да функционира нивната општина. Ако, воопшто и го сакаат тоа.

Другата опција е дека тие намерно го прават ова, со јасна интенција да ги заглават своите општини кои поради авантурата на градоначалниците ќе станат нефункционални, за да прпелкајќи се „во калта“ за ова да ја обвинуваат власта и ЗЕЛС, со евтин обид за емпатија кај гласачите од Карпош и Струмица. Мизерен, но некому толку својствен потег.

Ова не е првпат за ваков обид, истото го „проба“ поранешниот градоначалникна Карпош Андреј Петров од СДС, но по преговорите со ЗЕЛС се откажа од лошата идеја.

Дел од мотивите, експерите пронаоѓаат и во фактот што Костадинов, кој деновиве гласно кукумјавчеше околу ова,  не доби пари од средствата од унгарскиот кредит наменети за општините, независно од тоа што понудените проекти од општината биле очајни, на страна и што неговата СДС и ден денес плука со сите орудија по истиот тој кредит. Стефчо, пак, доби средства за Карпош од истиот.

Друга тема на оваа линија е водата во Струмица. Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера информираа дека водата од струмичкиот водоснабдителен систем и натаму е забранета за пиење, иако градоначалникот Костадин Костадинов,  со вокабулар и манир подобен на скопската Данела за случајот со Зоолошката градина, тврди дека таа е исправна и во хемиско-физичкиот состав и микробиолошки. Недостига уште само АХВ да ја нарече секташка институција.

Стевчо, пак, има добра вода во Карпош, зема и од општинскиот колач од унгарскиот кредит, но симптоматично и индикативно очигледно многу милува да му покажува содругарство на градоначалникот на Струмица, поставен и раководен од Заев, факт познат на цела Македонија. Познавачите на состојбите во ова гледаат можност за доближување на Јакимовски кон Зев, кој неофицијално е сива еминенција во СДС, а Филипче е само негов сигурен чувар на тронот. „Присуствуваме ли на зародишот на нова  предизборна КОАЛИЦИЈА СДС-ГРОМ, која се токми пред локалните избори следната година?“ прашуваат познавачите кои ги консултираше Курир.

Преку Јакимовски, ја поканија и Арсовска да им се приклучи.

На социјалните мрежи, граѓаните на големо се шегуваат со симултаниот и неинвентивен потег на двајцата градоначалници, особено што ова се случува откако Костадинов загуби катастрофално со својата матична СДСм на парламентарните избори, а Стефчо доживеа тежок дебакл и освои околу 2000 гласови на државно ниво со својата партија, раководејќи општина од десетици илјади гласачи. Граѓаните им препорачуваат да оформат заедничка Костадинов-Јакимовски коалиција и потоа како дефинитивни губитници во најава заеднички да си седнат и да се се жалат и да кенкаат по локалните избори во 2025-та година. А не да прават вакви дилетантски излети и влези-излези авантури.

 

Најнови вести од Македонија

To top