Свет

Блинкен на средбата со Нетанјаху повика Израел да ги зголеми напорите за ослободување на заложниците и да дозволи поголема помош во Газа

Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен на денешната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, повика Израел да ги искористи можностите што се појавија по смртта на лидерот на радикалната палестинска група „Хамас“, Јахја Синвар, за да се обезбеди ослободување на израелските заложници, кои ги држи „Хамас“ во Појасот Газа од почетокот на израелско-палестинскиот конфликт на 7 октомври минатата година, и да стави крај на конфликтот, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на американскиот Стејт департмент.

„Во изминатите неколку недели немаше преговори за завршување на војната бидејќи Синуар одбиваше да преговара“, рече портпаролот на Стејт департментот Метју Милер минатата недела.

Исто така денеска Блинкен ја истакна потребата Израел да дозволи поголема хуманитарна помош во Појасот Газа, се вели во соопштението на Стејт департментот објавено по средбата на највисокиот американски дипломат со израелскиот премиер.

Блинкен е во 11-та посета на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа.

To top