Македонија УХМР

Три степени под нулата во Берово, еве каква е состојбата во другите градови

Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец. 

Три степени под нулата во Берово, еве каква е состојбата во другите градови

Три степени под нулата се измерени утрово во Берово, 0 во Битола, 1 во Лазарополе, 2 во Скопје – Петровец, Тетово, Струмица, Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, Велес, Куманово, Демир Капија, 4 во Штип, Прилеп, Гевгелија, 5 во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Претор, а 6 на Попова Шапка, во Крушево, Виница и во Охрид, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, Куманово и Тетово има појава на слаба магла. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а преку денот ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла, преку денот се очекува времето да биде сончево и претежно тивко. Максималната температура најавено е да достигне до 21 степен.

Најнови вести од Македонија

To top