Поранешниот претседател на Албанија и актуелен претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен.
Мета е уапсен поради отворен случај од страна на јавното обвинителство на Албанија за корупција и организиран криминал.
Мета беше претседател на Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 2022 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година. Тој беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година. , министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, трговија и енергетика.
Пред тоа тој претседаваше со собраниската Комисија за евроинтеграции. Мета го основа Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) во 2004 година, денес Партијата на слободата која ја предводи тој.
Мета неколку пати гостуваше во Македонија, а беше и во „Клик Плус“ на ТВ21.