Република Вакцинација

Во гостиварско предвидени околу две илјади вакцини против сезонски грип, на првиот ден 150

Интересот од година во година расте, што укажува на фактот дека граѓаните водат сметка за превенцијата од грип. На првиот ден од вакцинирањето, предвидено е да бидат дадени 150 дози, вели д-р Зафировска.

Во гостиварско предвидени околу две илјади вакцини против сезонски грип, на првиот ден 150

Вакцинацијата против сезонски грип која почна денеска во Гостивар се спроведува на три пункта и предвидено е да се дадат околу две илјади дози. Споредено со лани, бројката на вакцини за гостиварскиот регион е зголемена за речиси 500 дози.

Според д-р Зорица Зафировска, епидемиолог во Центар за јавно здравје Тетово епидемиолошко одделение Гостивар, интересот споредено со претходните години е зголемен.

– Интересот од година во година расте, што укажува на фактот дека граѓаните водат сметка за превенцијата од грип. На првиот ден од вакцинирањето, предвидено е да бидат дадени 150 дози, вели д-р Зафировска.

Таа посочува дека покрај комерцијалната која чини 700 денари, има и бесплатна која е наменета за повеќе категории граѓани, како хронично болните, лицата со над 65 годишна возраст, бремените жени здравствените работници и децата до петгодишна возраст. Комерцијалните вакцини може да ги примат и лицата кои се заинтересирани за да се заштитат од сезонскиот грип.

Закажувањето за вакцинирање оди преку „Мој термин“, односно пациентите се запишуваат и оставаат податоци, по што добиваат повратна порака во која им се наведени денот и часот кога да се јават на еден од пунктовите.

За трите гостиварски општини Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше предвидени се околу две илјади дози. Минатата година во гостиварско беа предвидени и аплицирани околу 1.500 дози.

To top