Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен следната недела ќе престојува во Западен Балкан при што ќе посети шест држави.
Во среда таа ќе допатува во Тирана, која е прва нејзина дестинација. Ќе се сретне со премиерот Еди Рама и ќе учествува на свеченото отворање на кампусот на Колеџот на Европа.
В0 четврток тоа ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај, а потоа ќе замине за Македонија.
Планирано е да ги посети и поплавените подрачја во Босна и Херцеговина.
Во петок таа ќе отпатува за Србија, а балканската турнеја ќе ја заврши во сабота со посета на Косово и Црна Гора.