Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Појасот Газа.
Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали.
Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток.
Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.
„Според мое мислење – и моите колеги се согласуваат – постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.
Џо Бајден изјави денеска дека нема консензус за давање оружје со голем дострел на Украина. (МИА)