Македонија

Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето

На прашање од адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, во каква состојба бил Видевски кога им кажал за поврзаноста на Александар, и дали врз него била вршена тортура, сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје рече: „на столица, седеше на столица кога го кажа тоа”.

Сомневањата за вмешаноста на таткото на Вања првично потекнаа од изјавите на Велибор и Боре, изјави сведок на судењето

Сомневањето кон таткото на Вања, Александар прво потекна од Велибор и Боре, кои ни кажаа дека и таткото е инволвиран. Со тие нивни искази и разумно согледување може да се види. Ние само фактите ги гледаме, изјави сведокот началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

На прашање од адвокатот на обвинетиот Боре Видевски, во каква состојба бил Видевски кога им кажал за поврзаноста на Александар, и дали врз него била вршена тортура, сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје рече: „на столица, седеше на столица кога го кажа тоа”.

На вкрстено прашање од адвокатот на таткото на Вања, Владимир Туфегчиќ како го извеле заклучок дека девојчето не е киднапирано и дека можеби како што рече „сака да ги казни родителите”, сведокот рече дека во разговорите со родителите направиле профилирање на нивниот социјален и приватен живот.

– Од тие разговори ние буквално „ги соголевме”. Од нивните разговори добивме дека таа еднаш се обидела да се сече со тврд предмет. Да, да. Имало ситуации на несогласувања меѓу нив. Добро паметам, девојчето Миња рече, се сеќаваш еднаш кога се боцна, и Зорица рече да, да. Тогаш дојде индиција дека ете може сакала да ги казни и избега, за да ги смири, рече сведокот.

Прашан дали добиле впечаток дека станува збор за грижливи родители, сведокот рече да.

За виртуелниот дечко од Шведска, сведокот појасни дека родителите и децата знаеле за него.

– Мајката дури ни кажа дека и таа разговарала со него, виртуелно. Од соучениците, дека еднаш дури и се скарале, така виртуелни, за тоа зошто тој или таа се гледале со друг, рече сведкот.

Прашан за избришаната порака од Александар во вибер група со родители, дали знаат дека е во разговор со родител по име Бојана, каде Александар одговара на нивни прашања.

На прашање од одбраната на Љупчо Палевски, дали е пронајдено оружјето, сведокот рече не.

За тоа зошто не е земена парафинска ракавица од обвинетите, сведокот рече дека не знае за пракса да се зема парафинска ракавица после толку време од настанот.

– После недела дена никогаш не сме земале парафинска ракавица, изјави сведокот.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Најнови вести од Македонија

To top