Македонија

„Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот пензионер Панче Жежовски.

„Ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага“ – им рекол началникот на родителите на Вања, откако таткото тврдел дека е грабната и убиена

Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека ќерка му е исчезната, но нам ни беше чудно како веднаш можеше да се заклучи дека станува збор за киднапирање. Во вакви случаи, се очекува прво да се провери кај другарки или во околината, а не веднаш да се алармира полицијата, сведочеше на денешното рочиште наачалникот на единицата за насилен криминал Дејан Димовски.

Според началникот, при првите разговори со родителите, вклучително и со мајката Зорица Ѓорчевска, беше споменат претходен конфликт што Вања го имала на училиште. Ова ја зголеми загриженоста кај истражителите, но нелогичностите во случајот продолжија да се собираат.

-Ми се јави началникот Музафер Каришиќ ми рече дека мора да се вклучиме и ние, бидејќи имаше информации од родителите дека може да биде грабната. Иако во тој момент немаше никакви докази. Ние одлучивме дека имаше доста нелогичности и одлучивме дека мора веднаш да почнеме со работа. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и класната раководителка. Не ни беше јасно како можеше толку брзо да се алармира дека девојчето е киднапирано. Мајката во 8 часот и 2 минути одма пријавила дека има исчезнато девојче. Нормално би било прво да проверат да не е кај другарка, а не веднаш да известат дека е исчезната. По разговорот со класната ни стана јасно, бидејќи претходниот ден Вања имала проблем во училиште претходниот ден со друго дете за некоја книга и претходната вечер класната разговарала со мајката Зорица и се договориле дека следниот ден ќе ги расчистат сите работи на класен час. Прашувавме за врските, односите во семејството и дали и претходно се случувало да ја нема Вања. Подоцна започна потрагата низ парк и центарот на Скопје, тоа беше на полноќ. Се вратија и рекоа дека нема ништо. На помошникот му беше чудно, затоа што таткото не излегувал од кола, додека излегувале да пребаруваат. Таткото велеше: Џабе пребарувате, сигурно е киднапирана, можеби и убиена. Се вршеше потрага и во Охрид, бидејќи таму имала стан. Ни беше нејасно дека цело време таткото велеше дека е киднапирана, и во еден момент им реков ако е киднапирана може да биде и добро тоа, бидејќи ќе имаме трага. Тие мора да се јават и да ве контактираат им реков. Мајката гледаше во телефонот но немаше повик. Останавме до 4-5 утрото. Сабајлето повторно продолживме, рече Димовски.

Најнови вести од Македонија

To top