Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа ја погоди Грција, пишува EMSC.
Земјотресот е регистриран во градот Аргостоли во Кефалонија, на длабочина од 16 километри.
Според првите сведоштва на Грците, за време на земјотресот кој траел неколку секунди е почувствувано силно тресење.
„Куќата се тресеше неколку секунди“, „Се разбудив затоа што се тресеше креветот“, „Траеше 10 секунди и сè се мрдаше“.
Засега нема информации за евентуална штета или повредени лица.