Македонија Брисел

Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана

Од страна на Министерот Мисајловски беше потенцирано дека справувањето со тероризмот останува од суштинско значење за колективната одбрана, во рамките на која македонската Влада ќе продолжи да соработува со своите сојузници.

Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска учествува на дводневениот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана, во Брисел.

Ова е прв состанок на НАТО на високо ниво по Самитот во Вашингтон и воедно прв состанок што го води новиот генерален секретар Марк Руте.

На одделните сесии, главни теми за дискусија се: одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката за Украина, и зајакнувањето на соработката со земјите од Индо-пацификот.

Целта на состанокот е преглед на имплементацијата на одлуките од Самитот во Вашингтон во насока на зајакнување на капацитетите на Алијансата за одговор на растечките закани и предизвици.

Денеска беше оддржан и Состанок на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во организација на САД, со која претседаваше секретарот за одбрана Лојд Остин.

Од страна на Министерот Мисајловски беше потенцирано дека справувањето со тероризмот останува од суштинско значење за колективната одбрана, во рамките на која македонската Влада ќе продолжи да соработува со своите сојузници.

На сесијата со глобалните партнери, покрај висок претставник на Европската Унија, за прв пат се поканети и министрите за одбрана на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја, на која се разговараше за тековните предизвици и неделивоста на глобалната безбедност.

Посебна сесија е посветена на јакнењето на соработката со Украина и јакнењето на глобалните партнерства.

Во присуство на претседателот Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, ќе се разговара за новата НАТО Команда за координација на помош и обука за Украина, финансиската поддршка и за другите иницијативи што ќе овомзможат долгорочна помош.

На маргините на состаноците, министерот Мисајловски оствари одделни билатерални состаноци со своите колеги од Албанија, Норвешка и Словенија, и се заложи за понатамошно зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната.

To top