Економија Кампања за субвенционирање летови

Владата со амбиција да станеме први во регионот по директни прекуморски, интерконтинентални летови

Министерот и вицепремиер Николоски нагласи дека земјава сака да го зголеми авиосообраќајот од двата македонски аеродрома и да има повеќе патници кои доаѓаат и си одат од тука и токму затоа, како што кажа, почнале нова кампања за субвенционирање летови за која деновиве треба да заврши евалуацијата. 

Владата со амбиција да станеме први во регионот по директни прекуморски, интерконтинентални летови

Владата има идеја од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови што ќе биде единствен случај не само за земјава, туку и за регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и сметам дека е огромна амбиција, но ќе имаме голем бенефит од неа, најави денеска министерот за транспорт Александар Николоски.

Тоа, како што рече на Конференцијата во организација на Меѓународната федерација на Асоцијации на контролори на летање и Македонското здружение на контролори на летање, што денеска се одржува во Скопје, ќе биде од огромна важност за земјава, бидејќи имаме огромна дијаспора која сака да лета директно од Скопје, но исто така и за привлекување нови туристи и тоа не само во земјава, туку и во регионот.

– Контролата на летање е специфична професија која бара одлично образование и висока професионалност. Мило ми е што Македонија има привилегија да биде домаќин на овој европски регионален состанок на Асоцијацијата за контрола на летање, на кој верувам дека ќе бидат изнесени нови искуства и практики во овој сектор – рече Николоски на отворањето на Европскиот регионален состанок IFATCA ERM.

Најнови вести од Економија

To top