Свет Бела куќа

Бајден утре во посета на Германија

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција посочи дека посетата на Ангола е презакажана за првата недела од декември.

Бајден утре во посета на Германија

Американскиот претседател Џо Бајден утре ќе замине во посета на Германија, каде што ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и со претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, откако неговата посета беше одложена минатата недела поради ураганот Милтон, соопшти Белата куќа.

Првично, Бајден требаше да ги посети Германија и Ангола.

Сепак, портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција посочи дека посетата на Ангола е презакажана за првата недела од декември. (МИА)

To top