Скопје

ФОТО: Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвуваа оброци за социјално загрозените

ФОТО: Ѓорѓиевски и отец Оливер подготвуваа оброци за социјално загрозените

Меѓународниот ден за борба против гладот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и отец Оливер го започнаа во црковно-народната кујна на хуманитарната организација “Свети Спас”, лоцирана во Долно Лисиче.

Таму, заедно со вработени од Општина Кисела Вода, и волонтерите од хуманитарната организација подготвуваа оброци за социјално загрозените семејства. Оброците потоа се делат на финансиски немоќните семејства, а исто така, Општина Кисела Вода заедно со двете градинки од оваа територија ќе поделат и хуманитарни пакети.

-На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер, и тим од општината, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација “Свети Спас”. Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно. Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество. Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето. Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти. Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација Свети Спас и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода.

To top