Македонија

Одлуката за проектите на општините на владина седница

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Одлуката за проектите на општините на владина седница

На денешната седница на Владата на Република Северна Македонија ќе се донесе одлука и формално процесот на селекција на проектите од општините е завршен за користење на парите од заемот од Унгарија, истакна на денешната прес-конференција премиерот, Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, кога општините ќе можат да ги искористат овие средства за инфраструктурни проекти.

Мицкоски истакна дека до крајот на месецот надлежните институции ќе ги потпишат договорите со општините, со што ќе почне имплементацијата на, како што наведе историскиот проект кој првпат се случува кај нас.

Министерот за транспорт Александар Николоски, пак, денеска од Велес истакна дека околу 90 проценти од проектите на општините кои ги доставија за користење на парите од заемот од Унгарија ќе бидат изгласани и одобрени на денешната седница на Владата.

-Не сакам да звучам амбициозно, но мислам дека е многу веројатно. Најголем дел, ако не и сите да ги изгласаме на денешната седница на Влада. Од тука одам на седница на Влада, преку 90 проценти од проектите се кај мене во Министерството за транспорт и истите заедно со тимот во Министерството за транспорт ги завршивме. Сакам да се заблагодарам на целиот тим којшто работеше на оваа работа навистина завршија огромна работа и на мојот кабинет којшто целосно се вложи во оваа работа, така што проектите од страна на Министерството за транспорт се одобрени, остануваат другите министерства да ја завршат својата работ, изјави Николоски.

Тој истакна дека се надева оти денес попладне може да излезе со информација дека проектите се усвоени на седница на Влада на Република Северна Македонија. Општините во земјава на располагање имаат околу 250 милиони евра за реализација на капитални инфраструктурни проекти.

Најнови вести од Македонија

To top