Македонија

Началник на МВР: Таткото на Вања беше чуден и конфузен во изјавите, мајката беше посталожена

Помошник началникот на СВР Скопје за криминалистички работи, Музафер Каришиќ на денешното рочиште за судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска истакна дека првиот впечаток за таткото на Вање, Александар Ѓорчевски на полицајците им бил чуден и конфузен во изјавите, и дека тогаш тој го имал првиот контакт со родителите на исчезнатото девојче.

– Од моментот кога имаше пријава за исчезнато девојче јас бев информиран од началникот на СВР Скопје, имав ингеренции да ги координирам службите. Веднаш контактирав со надлежната станица во која е пријавено исчезнувањето. Од таму ме информираа дека се преземени сите мерки и дејствија по пријавата. Постапката за исчезнато лице се пријавува на подрачното место каде што лицето е исчезнато. Доцна вечерта се вклучивме и ние како старешини, бидејќи се појавуваа написи дека девојчето е киднапирано. Првата средба со родителите на Вања беше на денот на пријавувањето во вечерните часови. Тогаш ние директно се вклучивме во работата, отидовме да видиме што е сработено и што да се преземе. Тогаш за прв пат ги видовме родителите. Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чуден за мене, но и за колегите. После разговорот анализиравме дека тој беше конфузен, потиштен во многу изјави и за многу работи кои ние го прашувавме. Девојчето не било скарано со родителите. Сите полициски службеници, сите униформирани полицајци, сите старешини беа вклучени во дејствија за пребарување – изјави Каришиќ.

Најнови вести од Македонија

To top