Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон градот Сафед и неговата околина, а Хезболах ја презеде одговорноста за овој напад.
Во соопштението се наведува дека израелските војници пресретнале голем број проектили во областа, а во овој момент нема извештаи за повредени или материјална штета, пишува The Times of Israel.
Хезболах објави соопштение во кое ја презема одговорноста за ракетниот напад врз северниот израелски град Сафед.