Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово, соопшти УХМР. Следат Попова Шапка со -5 степени, -4 Крива Паланка и Битола, -3 Прилеп, -2 Лазарополе, Крушево и Струмица, -1 Тетово, Маврови Анови, Виница, 0 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, 1 Штип, Дојран, 2 Демир Капија, Куманово, Велес и 3 степени во Претор и Дебар.
За изминатите 24 часа до 07 часот утрово најмногу дожд е наврнат во Лазарополе 7 л/м2, во Дебар и Маврови Анови 3 л/м2 и 1 во Берово, Битола и на Попова Шапка.
Највисока снежна покривка во 7 часот е измерена во Ѓуриште 18 см, потоа 11 см во Маврови Анови, Дебар, Берово и Крушево, 8 Битола, 7 Попова Шапка, 4 Крива Паланка и Лазарополе и 2 см во Тетово.
Времето денеска ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.