Командантот на четата и неговиот заменик се повлекле од бојното поле за време на копнената офанзива во Газа поради немање огнена поддршка додека се соочувале со заседа на палестинскиот отпор, додава весникот.
„Војниците се повлекоа кога не добија поддршка, откако десетици борци ги нападнаа од заседа“, се вели во текстот.
Весникот наведува дека околу половина од војниците во силите не се вратиле во единицата откако офицерот бил отпуштен. Официрите признаа дека силите биле испратени во мисија на лош начин, откако без одмор се вклучиле во уште една долготрајна активност во Појасот Газа, додава медиумот. Тoа создаде тешка атмосфера во рамките на силите, според весникот.
„Постои криза на доверба во силите, но таа се решава соодветно со извлекување поуки на сите нивоа“, израелскиот весник ја пренесува изјавата на војската.