Хроника МВР

Поднесени три пријави за каснување од куче, меѓу повредените е и дете

Во текот на вчерашниот ден поднесени се три пријави за каснат од куче скитник. Истите биле поднесени во различни општини, соопштуваат од МВР.

На 10.10.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, Л.С.(19) од Скопје пријавил дека на кеј на река Вардар на подрачјето на Карпош во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 10.10.2024 во 20.15 часот во Полициската станица Аеродром, С.Р.(50) од Скопје пријавила дека на ул.„Димитар Туриманџовски“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 10.10.2024 во Полициското одделение Петровец, М.З.(73) од Тетово пријавил дека во кругот на Катлановска бања бил каснат од куче скитник, стои во денешниот билтен на МВР.

To top