Хроника

Притвор за лице од Косово кое предизвикало пожар во подрумски простории на општина Тетово

Притвор за лице од Косово кое предизвикало пожар во подрумски простории на општина Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Р.(38) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“.

На 06.10.2024, пријавениот предизвикал пожар во подрумските простории на општина Тетово, по што бил фатен и лишен од слобода.

Од судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена кој ќе ја издржува во Казнено – поправната устнова Затвор Шутка во Скопје.

To top