Македонија

Лефков: ДУИ во влада и ДУИ во опозиција со различни ставови за балансерот, што се однесува за бадентерот тој е Уставна категорија

Се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет, ќе се направи брана од политичкото влијание“, ова го пишува на страница 47 од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030, донесена во време кога ДУИ беше владејачка партија, одговори на новинарско перашање пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа.

Коментар за балансерот дадоа и од ЕК, кои кажаа дека паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност.

И ние јасно констатираме и се согласуваме со ЕК дека балансерот е злоупотребен. Што се однесува до Бадинтерот, тој е уставна категорија. Рамноправната застапеност, треба да се реши со законски механизам, но факт е дека балансерот е злоупотребен. Нашиот став за балансерот го знаете од поодамна. Да тој е злоупотребен и тој е дел од скрининг процесот на ЕУ. И затоа кога испраќаме пораки не може да се однесуваме дека нешто што ни одговара во ред е, а тоа што не ни е да се однесуваме како мали деца, не може така, рече Лефков.

Најнови вести од Македонија

To top