Познати

Ќерката на Елвис Присли му ја одзела невиноста на Мајкл Џексон на 35 години, откриени нови шокантни детали од животот на Лиза Мари

Конечно се објавени мемоарите на Лиза Мари Присли, а деталите ја шокираа јавноста.

Ќерката на Елвис Присли му ја одзела невиноста на Мајкл Џексон на 35 години, откриени нови шокантни детали од животот на Лиза Мари

Конечно се објавени долгоочекуваните мемоари „Од овде до големото непознато“ на Лиза Мари Присли, покојната ќерка на Елвис.

Лиза Мари ги започнала мемоарите за време на нејзиниот живот, но за жал не ги завршила, но приказната ја довршила нејзината ќерка, актерката Рајли Киу, откако ги слушала снимките на нејзината мајка во кои зборувала за своите спомени.

Книгата носи голем број шокантни детали, вклучувајќи го и откритието дека починатата уметница два месеци го чувала својот мртов син во куќата.

Исто така, јавноста дозна дека токму Лиза му ја „зела невиноста“ на Мајкл Џексон. Таа, како што напишала, тогаш сè уште била во брак со Дени Кеа, а потоа за време на патувањето во Лас Вегас се разгорела нова љубов.

Мајкл рече: „Не знам дали си забележала, но јас сум целосно заљубен во тебе. Сакам да се оженам со тебе и да имам деца. Не одговорив веднаш, а потоа реков: Навистина сум поласкана, не можам ни да зборувам, тогаш почувствував дека се заљубив во него“.

После тоа раскинала со сопругот и започнала романса со пејачот.

“Ми рече дека е невин. Мислам дека го бакна Тејтум О’Нил и имаше нешто со Брукс Шилдс што не беше физичко, освен бакнеж. Тој рече дека Мадона еднаш се обидела да биде со него, но ништо не се случило. Бев преплашена затоа што не сакав да направам погрешен потег“, открила Лиза Мари Присли.

To top