Хроника

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил

Малолетник тешко повреден, бил удрен од автомобил

На 09.10.2024 во 08.20 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионален пат Гостивар – с.Градец, во с.Врапчиште, патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Ќ.(42) од гостиварско Здуње, удрил во малолетен пешак, информира МВР.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

To top