ТВ и Филм

Макрон за серијата „Емили во Париз“: Не сакаме да дозволиме заплетот да се пресели во Рим, нема никаква смисла

Макрон за серијата „Емили во Париз“: Не сакаме да дозволиме заплетот да се пресели во Рим, нема никаква смисла

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ е одличен начин европската земја да го врати своето место како глобален центар на културата.

Емануел Макрон истакна дека настаните како Олимписките игри во Париз, како и популарната серија „Емили во Париз“, претставуваат француски стил и шарм. Толкава е популарноста на оваа серија што дури и неговата сопруга Брижит Макрон имаше епизодна улога, која претседателот ја опиша како момент на гордост.

Facebook/Emmanuel Macron

Гостување на Брижит Макрон во серијата „Емили во Париз“

-Бев многу горд и и беше задоволство да го направи тоа. Беа само неколку минути, но мислам дека беше многу убав момент за неа. Мислам дека тоа е позитивно за имиџот на Франција. „Емили во Париз“ е многу атрактивна серија кога е во прашање промоцијата на земјата. За мојата работа, тоа е одлична иницијатива, изјави Макрон за Variety.

На прашањето дали ќе биде отворен и за гостување во серијата, Макрон се пошегува: „Јас сум помалку привлечен од Брижит!“

На прашањето што ќе се случи кога главниот лик од следната сезона на серијата ќе се пресели во Рим, Макрон рече дека тоа нема да помине без борба. „Ќе се бориме жестоко да го спречиме тоа да се случи. Ќе ги замолиме да останат во Париз! „Емили во Рим“ нема никаква смисла“, рече претседателот Макрон.

To top