СДСМ најмалку што е потребно во моментов е да ја коментира енергетската состојба во земјава. Дереџето во кое се наоѓа севкупниот енергетски систем денеска, вклучувајќи ги актуелните состојби во РЕК Битола е резултат токму на работењето на нивните менаџерски кадри поставени од претходните влади на СДСМ. Тие немале умешност, ниту одговорност за одржување на производните капацитети. Наспроти тоа, покажале целосна негрижа за електроенергетскиот систем, за што зборува и неодговорното однесување кон државните производни капацитети и природните ресурси како јагленот и количините на вода во хидроакумулациите, велат од АД Електрани на Северна Македонија.
-Кога СДСМ зборува дека РЕК Битола не работел да го потсетиме дека токму до пред неколку недели нивни кадри управуваа со најголемиот енергетски комбинат. Тие имале обврска да се однесуваат професионално до последниот ден кога биле на одговорни позиции и да ги подготват капацитетите за претстојната грејна сезона.
Долга е листата што сè затекнаа новите раководства на АД ЕСМ и РЕК Битола.
-Уништени и нестручно експлоатирани рудници, оставени без откривки на јаглен од кои може да се обезбеди континуиран и безбеден ископ за потребите на термоблоковите за стабилно производство на РЕК Битола.
-Нелогично долги застои на клучните машини за ископ на јаловина и јаглен
-Лошо изведени, незапочнати или ненавремено завршени ремонти на термоблоковите
-За само две години од 2022 до првата половина на 2024 година „успеале“ двојно да ја зголемат производната цена на електричната енергија од РЕК Битола, сега на неверојатни 133 евра за мегават-час.
-Неодговорно управување со опремата на АД ЕСМ
-Несоодветни вработувања и прераспределување на стручни лица на неадекватни позиции
-Потрошени милиони евра за набавка на јаглен со лош квалитет, несоодветен за употреба во термоелектраните и со специфики кои се во спротивност со пропишаните за работа на термоцентралите, поради кој е направена огромна штета врз еден од термоблоковите и како загадување на животната средина
-Прескапи договори за набавка на јаглен
-За седум години на власт НЕ е изграден ниту еден државен капацитет за производство на електрична енергија
-АД ЕСМ оставена со огромна финансиска дупка.
Токму купувањето на електрична енергија на слободниот пазар е последица исклучиво на нивното нестручно и дилетантско однесување за лошата состојба во рудниците, термоблоковите и празните хидроакумулации во АД ЕСМ.
Затоа очекуваме да следи одговорност за нивните постапки, додаваат од АД Електрани на Северна Македонија.