Полицијата во Пакистан денеска уапси татко кој ја убил својата ќерка тинејџерка затоа што на социјалните мрежи објавила фотографија од неа во друштво со момчиња.
„Девојка на 16 или 17 години е застрелана повеќекратно од непосредна близина во семејниот дом во северниот град Кохистан“, соопшти локалната полиција.
Друга девојка, која исто така ја има на фотографијата, полицијата ја однела на безбедно.
Убиството е наредено од локалното собрание џирга, традиционална племенска организација составена од мажи задолжени за решавање спорови.
Во тек е акција за апсење на членови на собранието, соопшти полицијата.
Околу илјада жени во Пакистан годишно умираат од страна на блиските членови на семејството поради т.н. одбрана на честа.
Убијците обично остануваат неказнети поради контроверзната одредба во законот која им дозволува на роднините на жртвата да им простат на сторителите. (МИА)