Утрото постудено, а преку денот, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде 2 степена, а максималната, 27 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.
Според најавеното, во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.