Заврши реконструкцијата на фудбалското игралиште во ООУ „Васил Главинов” во Велес, каде поставена е ограда и современа подлога, информираше градоначалникот на Општина Велес Марко Колев.
Како што истакна Колев, во наредниот период ќе се изведе и фитнес зоната, со што спортско-рекреативниот комплекс ќе биде целосно завршен за спорт и рекреација на сите ученици и граѓани.
Покрај реконструкцијата на фудбалското игралиште, на спортските терени на ова училиште беше поставена пластична подлога на кошаркарското игралиште, одобрена од Меѓународната кошаркарска федерација – FIBA, a беше реконструиран уште еден повеќенаменски спортски терен.
Колев најави дека Општина Велес продолжува со инвестиции во спортот во градот и населените места. ад/ра