Расте бројот на жртвите од полавите во Босна, се трага по пет исчезнати лица.
Досега се пронајдени 15 тела , а се трага по уште пет потенцијално исчезнати лица во Јабланица – машините се на терен, потребни за ваков тип на интервенција, бидејќи има многу наноси од камен, кои многу тешко се движат.
Сè „се слеваше“ во населбата, многу е тешко да се координира во овие услови. Вчера пристигнаа 36 членови на спасувачката екипа со 12 возила – наносите се високи, проблем е да се лоцираат жртвите.
Поплавите кои ја зафатија Босна и Херцеговина резултираа со загуба на 24 човечки животи, а бројот на исчезнати сè уште не е познат. Над 20 домови се целосно уништени, а стотици семејства се соочуваат со големи ризици за своето здравје и безбедност.